И бизнисменот Силјан Мицевски на распит за “Рекет“, ќе бара да му бидат вратени парите

Денес во Обвинителството за организиран криминал и корупција дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за случајот “Рекет“.
Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појаснување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за “Рекет“, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.
На влегување во Обвинителството, Мицевски за медиумите изјави дека парите не биле уплатени на сметка на Тодоровска, туку на сметката на Меѓународниот сојуз. Тој најави дека ќе бара парите да му бидат вратени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.