И вода ќе може да плаќате без чекања на шалтер

Со новата веб услуга “Плати брзо“ која официјално ја објави Ј.П. Водовод и канализација ќе добиете на време, и ќе си ги скратите нервозите од чекање на шалтерите на банките и поштите.

На корисниците со оваа услуга плаќање на фактурите онлајн им се овозможува без да се регистрираат во системот “Мој Водовод“. Плаќањата ќе можат да се извршат со кредитна или дебитна картичка без провизија, само со внесување на фолио бројот од фактурата.

Покрај ова на електронскиот систем ќе можат да се остварат и сите други шалтерски услуги како проверување на долг, плаќање на рати или пријавување на дефект. За оние на кои сеуште им претставува задоволство да се запознаваат и муабетат на шалтерите досегашниот начин на плаќање на сметки останува да важи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.