И денес сончево и многу топло

Во земјава  и денес времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 29 до 37 степени Целзиусови.
И во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура 18, а максималаната ќе достигне до 36 степени.
Ако е за утеха, од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни. Во следните неколку денови максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.