И денешната седница за уставни измени-доцни

Иако беше најавена за денес во 12 часот собраниската седница за уставните амандмани се уште не е почната. Пленарната сала е речиси празна, а собраниските служби засега не даваат официјална информација кога таа ќе започне.
Според партиски извори, во меѓувреме продолжуваат разговорите за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот. Седницата која почна во средата кога премиерот Зоран Заев имаше експозе за уставните измени, по што претседателот на Собранието, Џафери ја прекина и ја презакажа за вчера. Нејзиниот почеток вчера беше неколкупати презакажуван, по што продолжението беше закажано за денес во 12 часот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.