И кога пандемијата ќе заврши 90 отсто од работниците сакаат да работат од дома

Мнозинството работници сакаат во иднина да останат да работат од дома.
Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата.
Ова се резултати од истражување направено од „Сиско системс“, објави „Ројтерс“.
„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“.
Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите.


Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа.
Тие се залагаат за комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија.
Владите во повеќето земји сугерираа да се работи од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот.
И во Македонија во оние сектори каде може, изминатиот период работниците работеа од дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.