Српските медиуми никако да престанат да пишуваат за наводната врска помеѓу синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ и сестрата на Богдана Родиќ која веќе е сопруга на синот на Цеца.
-Се запознале уште минатата зима на Копаоник кога Бојана Родиќ му фрлила око на Стефан и го направила првиот чекор. Тогаш си размениле и броеви и започнале да се допишуваат и истото траело подолго време. Дури по неколку месеци двајцата излегле, а од тогаш и се заедно вели близок извор до Стефан и Бојана.
Изворот додава дека таа поради Стефан повеќе време поминува во Белград.
Освен тоа таа не го запоставила ниту семејниот бизнис па често со комбе разнесува пилиња од Титл до пазарот во Борчи.
Стефан дури добил и покана за свадбата на Богдана и Вељко, но тој во истиот период бил во Америка со што не присуствувал на свадбата на деценијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.