И познатите сакаат во вселената: Леонардо ди Каприо, Том Хенкс, Ријана… еве кој сè резервирал билет за лет во космосот

Повеќе од 600 лица веќе купиле карти за летот кој трае 90 минути и изнесува 250.000 долари, а помеѓу нив се и многу познати личности.
Уште долго ќе се расправа за тоа дали Ричард Бренсон навистина отпатувал во вселената или само до нејзиниот раб, дали тоа е историски ден или во суштина само одличен маркетиншки трик за промоција на туристичките патувања надвор од земјата, но сепак редот на патниците желни за астронаутско искуство е многу долг.


Повеќе од 600 лица моментално се на листата на заинтересирани што поскоро да бидат помеѓу пионерите на вселенскиот туризам.
Мотивацијата за летањето е различна, а Ријана својата карта ја резервирала уште во 2013 година. Таа вели дека е опседната со вселената и со приказните за вонземјани.
Покрај познатата пејачка, свое место резервирал и актерот Леонардо ди Каприо, чии мотиви не се познати.


Пејачот Џастин Бибер пред неколку години изрази желба да сними видео спот во вселената, па затоа не нè чуди што сака да си обезбеди место на летот.
Том Хенкс во филмовите ги спасуваше мисиите на НАСА, а уште во дамнешната 2009 година изјави дека не би се двоумел ниту една секунда доколку би му се укажала прилика да одлета во вселената.
Ештон Качер бил 500-от потенцијален патник, а наводно самиот Бренсон му се заблагодарил за пријавата. Со Ештон ќе патува и неговата сопруга, актерката Мила Кунис.
На списокот се и пејачката Кејти Пери и нејзиниот поранешен сопруг кој ѝ ја купил картата како роденденски подарок. Уште еден поранешен љубовен пар резервирал карти за лет во вселената – Бред Пит и Анџелина Џоли.
Актерката Кејт Винслет обезбедила патување за целото семејство, благодарение на нејзиниот сопруг кој му е внук на Ричард Бренсон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.