И Сања Лукаревска, Директорката на УЈП е позитивна на коронавирус

И Сања Лукаревска, Директорката на УЈП е позитивна на коронавирус

Сања Лукаревска, е позитивна на КОРОНА ВИРУСОТ објави таа утрово на фејсбук. Taa напиша дека по средбите кои ги имала со Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот се тестирала и резултатот се вратил позитивен.

„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна изолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска на фејсбук.

Прочитајте уште и:

И Дамјан Манчевски ќе оди во самоизолација поради средба со Зекири

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.