И Швајцарија се приклучи КОН ЗАБРАНАТА ЗА РУСКИ ДИЈАМАНТИ

Швајцарија ќе го забрани увозот на руски дијаманти според последната рунда санкции на Европската унија како дел од казнувањето на Москва за нападот на Украина.

Оваа одлука ја соопшти швајцарската влада.

Берн се согласи да ја усвои 12-тата рунда санкции, кои Европската унија ги спроведе во декември, а меѓу овие мерки е и етапната забрана за купување и увоз на руски дијаманти, објави Ројтерс.

„Така, Швајцарија се приклучува на мерките договорени на самитот на Групата 7 на 6 декември 2023 година, со кои Русија би била лишена од овој важен извор на приход“, се вели во владиното соопштение.

Британската агенција наведува дека ќе бидат воведени забрани и за увоз на други стоки кои носат приход на Русија, вклучително сурово железо и течен нафтен гас, а на листата е додаден и извозот на литиумски батерии, мотори за беспилотни летала, машински алати и делови.

Швајцарија, исто така, санкционираше дополнителни 147 поединци и компании, со што вкупниот број достигна 1.422 поединци и 291 организација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.