Кабинет на Иванов: Претседателот беше поканет откако заврши настанот

– Претседателот Ѓорге Иванов беше поканет на свечената церемонија на кревањето на знамето на НАТО пред Владата и преку курирска служба писмено и преку електронска пошта, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат информациите од Владата дека тој бил уредно поканет да присуствува на свеченоста на НАТО пред Владата.
– Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов, изјавија за МКД.мк од неговиот кабинет.
На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.