Кабул ја поздрави одлуката за повлекувањето на американските војници

Авганистанската влада ја поздрави во средата одлуката на американскиот претседател Барка Обама да повлече 34 илјади војници од земјата во текот на 2013 година, во рамките на целосното американско повлекување кои ќе заврши до крајот на 2014 година.„Ја поздравуваме оваа одлука. Ќе ја преземеме целата безбедносна одговорност до крајот на 2013 година. Нашите единици ќе ги заменат нивните трупи“, изјави генералот Мохамад Захир Азини, портпарол на авганистанското министерство за одбрана.Барак Обама објави во вторникот навечер дека 34 илјади американски војници „ќе се вратат дома во текот на годинава“.Ритамот на повлекување препуштен е на процена на воените команданти кои сметаат „да остават онолку војници колку е можно на теренот до крајот на сезоната на борбите“ наесен, изјавил неименуван висок американски должник одбрана.Војските на САД се присутни во Авганистан од крајот на 2001 година во рамките на инвазијата на меѓународната коалиција со којашто беше соборен режимот на радикалното исламитичко движење Талибан, а се трагаше и по поранешниот лидер на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, одговорен за терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година во кои загинаа најмалку три илјади луѓе.Според процените во медиумите, во моментов во Авганистан се распоредени околу 66 илјади американски војници. Аналитичарите сметаат дека воената команда на САД ќе ги интензивира напорите за подготовки за повлекување на својот контингент од Авганистан. Меѓутоа, Белата куќа сѐ уште не донесе конечна одлука дали американските војници ќе останат во Исламската Република и по 2014 година, кога земјата ќе ја напушти главнината на силите на НАТО.
МакфаксАвганистанската влада ја поздрави во средата одлуката на американскиот претседател Барка Обама да повлече 34 илј

Пронајдете не на следниве мрежи: