четврток, 12 ноември 2026
Најново

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја, има ненадејно нарушување на преносниот систем

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се соочија со масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, предизвикани од ненадејно нарушување на преносниот систем во меѓусебно поврзаната централноазиска енергетска мрежа, соопшти казахстанското Министерство за енергетика.

Министерствата за енергетика на четирите земји ги потврдија дефектите и информираа дека екипите на терен веќе работат на постепено стабилизирање на системот и обновување на снабдувањето со струја.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Прекини во струјоснабдувањето се регистрирани во најголемиот казахстански град Алмати, во киргистанската престолнина Бишкек, како и во главниот град на Таџикистан, Душанбе, и вториот по големина град Хуџанд. Узбекистанските власти, пак, соопштија за проблеми со струјата во јужните делови на земјата, главно долж границата со Таџикистан.

Истовремените дефекти се сè почести во Централна Азија, каде што регионалната мрежа традиционално во голема мера се потпира на хидроенергијата, чиј капацитет е сè поранлив поради сушите и климатските промени.

Поврзани вести