Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„И во Град Скопје и во сите јавни претпријатија одговорноста е пред се кај оној кој што го вози возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што не знаеме кој е возачот, дал ие тоа механизација или лесно возило одговорноста оди кај шефот на возниот парк“, изјави Ѓорѓиевски

„Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент“, појасни Ѓорѓиевски.

Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел, како што вели градоначалникот, да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.
The post Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: