Каква жена си? Ден или ноќ?

Специјалистите тврдат дека карактерот на една жена може многу точно да биде определен според тоа во кој дел од денот таа е најактивна. Дали сте дневна или ноќна личност, зависи од тоа кога се чувствувате најдобро и кога сте најмногу концентрирани. Така на пример, некои дами сакаат да работат или учат во текот на ноќта, бидејќи тогаш се најпродуктивни. Други пак, најуспешно се справуваат со своите работни обврски во раните утрински часови.

Ден или ноќ – кои сте вие? Прочитајте и ќе дознаете!

Ако сте најактивни и свежи помеѓу 08ч. И 13ч., вие сакате да работите во тим и секогаш дејствувате според правилата. Вие сте многу добра девојка која секогаш е подготвена да им помогне на другите. Понекогаш имате проблем со тоа, бидејќи често барате и одобрение од другите, а ако не го добиете – се демотивирате. Поседувате исклучителна дипломатичност и интегритет, секогаш успевате да излезете од проблемот со самодоверба.

Дамите кои се чувствуваат најдобро меѓу 13ч. и 18ч. не паѓаат на ненадејните пресврти во животот, затоа се стремат да не преземаат големи ризици. Во исто време се исклучителни перфекционисти и не можат да замислат да погрешат во работата како и на личен план. Им се допаѓа да истражуваат и ја чувствуваат својата супериорност над другите.

Девојките кои се активни меѓу 18ч. и 24ч. имаат постојана потреба да сакаат и да бидат сакани. Тие тешко се справуваат со животот, кога се сами, бидејќи ја губат мотивацијата. Склони се да покажат неверојатна самоувереност и на тој начин се обидуваат да се убедат самите себе дека се силна личност. Проблемот е дека воопшто не сакаат критика и не прифаќаат некој да ги поучува.

Ако пак вриете од енергија помеѓу 00ч. и 07ч, значи дека постојано се обидувате да го контролирате вашиот живот. И верувајте, успевате! Вие сте различни од другите, бидејќи не поднесувате рамки и граници. Не паѓате на шините и досадните правила. Сакате да создадете свои и да се придржувате кон нив. Поседувате високо развиена интуиција и често се потпирате само на неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.