Какви часовници носат најбогатите луѓе на светот?

Замислете да сте една од најбогатите личности на светот. Што би купувале? Би ги трошеле парите како луди или би останале скромни?
Ова се само некои од прашањата кои си ги поставуваат обичните смртници кои секојдневно сонуваат за подобар живот. Само неколку луѓе на нашата мала планета имаат толкава количина на пари што никогаш не мора да стравуваат дека ќе останат без пари или без приходи. Досега пишувавме за нивните домови, автомобили и облека, но сега дојде редот и на најпопуларниот машки акцесоар, а тоа е – часовникот.
Какви часовници носат најмоќните и најбогатите луѓе? Дали станува збор за скапоцени и ретки изданија или обични часовници?

Џеф Безос
Основачот на Амазон носи релативно евтин часовник за неговите парични приходи – станува збор за “Ulysse Nardin Dual Time” кој чини неколку илјади долари.
Бил Гејтс
Основачот на Мајкрософт е познат по својот скромен и лежерен стил и по тоа што не сака да се расфрла со богатството. Тој на својата рака носи часовник “Casio” од 70 долари.
Тим Кук
Директорот на Епл е еден од најбогатите луѓе на планетата и сака да троши пари на скапи работи, но што се однесува до акцесоарите, тој претпочита паметни часовници од својата компанија за кои веројатно не ни издвојува пари.
Илон Маск
Илон Маск во последните неколку години станува име кое сè почесто го слушаме. Во 2012 година, основачот на компанијата Тесла соработуваше со компанијата “Tag Heuer” за креирање на посебно издание на “SpaceX” часовник, па токму тој модел најчесто може да се забележи на неговата рака.
Марк Закерберг
Основачот на Фејсбук е човек за кој сите слушнале – тој има остварено многу работи во својот живот. Но, сепак живее многу скромно, а со својата сопруга постојано донира голема сума на пари. Верувале или не, Закерберг никогаш не носи часовници и вели дека не ги сака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.