Какво време не очекува неделава?

Утре времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо, во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината се очекува слично време со температура од 7 до 18 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе биде малку до умерено облачно и потопло, со слаб до умерен јужен ветер. Максимална температура ќе се движи помеѓу 16 и 23 степени. Во четврток ќе биде променливо облачно и малку потопло. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.