Какво ќе биде времето денес?

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен,информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, претпладне со појава на ниска облачност и услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.