Какво ќе биде времето овој викенд?

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната температура ќе се движи од два до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.