Каков почеток на неговиот одмор – патникот сам управувал со авионот откако капетанот не се појавил

Мајкл Бредли, пилот на компанијата „EasyJet“, кој со семејството тргнал на одмор во Шпанија таму стигнал така што сам управувал со авионот откако неговиот колега кој требало да биде капетан на тој лет не се појавил.
Видео снимките на социјалните мрежи го прикажуваат Бредли како им зборува на останатите патници на летот од Манчестер за шпанскиот град Аликанте дека кај себе ја има својата пилотска дозвола, како и бурните аплаузи кои ги добил откако им кажал дека токму тогаш ја добил дозволата за да управува со тој лет.

„Се јавив во „EasyJet“ и реков: „Здраво, тука сум на терминалот и слободен сум. Со себе ја имам лиценцата. Би сакал да одам на одмор и доколку ви треба услуга, подготвен сум да тргнам““ – изјавил Бредли.
Како што навел тој, одговорите биле: „Ќе те повикаме“. 38 секунди подоцна му телефонирале и му рекле: „Те молиме, те молиме убаво, можеш ли да управуваш со авионот?“.
Бредли се пошегувал со патниците поради тоа како бил облечен: „Значи доколку немате ништо против еден од вашите пилоти да изгледа вака, одиме во Аликанте“.
„Му се заблагодаривме на нашиот пилот кој на 2-ри септември со семејството патуваше на одмор од Манчестер за Аликанте и доброволно с пријави да управува со летот. Тоа значеше дека сите патници можеа да пристигнат на дестинацијата и покажа посветеност на нашите вработени“ – изјавила портпаролката на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.