Како всушност правилно се прави турско кафе?

Она кафе кое на сите ни е познато како турско е традиоционален пијалок на Балканскиот Полуостров и еден од најпопуларните кај нас каде веројатно нема домаќинство во кое барем еден член не ужива во ова кафе.
Постојат два вообичаени начини на подготовка на турското кафе.
Според едниот, во ѓезве се става вода, по желба шеќер, и се загрева дур не проврие. Потоа ѓезвето се трга од оган, се истура мала количина на вода за да се направи простор, се додава меленото кафе и се враќа на оган да проврие со мешавината.
Другиот начин е, според стручњаците, тотално погрешен. Во водата, со шеќер или без, од почеток ѝ се додава кафето и проврива заедно со него.
Основачот на компанијата Roaster Coffee открива кој е всушност вистинскот начин на подготовка на перфектно турско кафе.
„Кога го додавате кафето во водата, не смеете да дозволите да зоврие на оган. Ако проврие, напитокот ќе има горчлив вкус“, објаснува тој.
Нормално, за вкусен краен производ ви треба и квалитетно кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.