Како го изгубиле видот близнаците Саша и Дејан Матиќ?

Саша и неговиот брат Дејан Матиќ со години владеат со српската естрада и со своите моќни вокали и хитови имаат милионска публика.
Браќата близнаци Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар како здрави, но прерано родени момчиња кои таткото Зоран и мајката Драгица морале да ги сместат во инкубатори во родилиштето во Загреб.
Од неутврдени причини, двете бебиња само неколку дена по раѓањето во болницата ослепеле, а тој недостаток судбината им го надомести со извонреден музички талент, благодарение на кој веќе неколку години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.
Познат водител еднаш го праша Саша дали е вистина дека поради Дејан не сака да ги оперира очите, иако знае дека после тоа би прогледал, зошто како што наведува, тоа кај него не е случај, на што добил одговор дека за тоа – не се зборува.


Очигледно водителот не бил доволно информиран за животната приказна на браќата Матиќ која е многу тажна.
Тие двајцата како недоносени близнаци биле во инкубатор и наводно поради невнимание на медицинската сестра останале слепи, иако како бебиња се родени со нормален вид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.