четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да ги раширите тесните обувки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку се пронајдовте во темава, тогаш најдобро би било да заборавите на тврдоглавоста и да ги прочитате советите кои ќе ви овозможат да ги раширите вашите омилени, но тесни обувки.

Алкохол – Напрскајте ја внатрешноста на обувката со алкохол и вода во размер 50 – 50. Потоа облечете дебели чорапи и носете ги обувките најмалку 20 минути.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Компир – Може ви звучи чудно, но компирот прави чуда кога се во прашање тесните обувки. Компир во средна големина, исчистете го и внесете го внатрешноста на обувката. Оставете го преку ноќ и на тој начин ќе ја растегнете.

Фен (само за кожен материјал) – Со фенот за коса најбрзо се загрева кожата, па доколку вашите обувки се кожни, облечете дебели чорапи и носете ги додека не се олади кожата. На тој начин најлесно ќе ги проширите обувките.

Кеса – Земете кеса, наполнете ја со вода, ставете ја во обувката и двете ставете ги во замрзнувачот најмалку 24 часа. Водата ќе се претвори во лед, ледот ќе го направи своето, а вие ќе го добиете очекуваниот резултат.

Чорапи – Земете неколку пара чорапи, наквасете ги со вода и така мокри ставете ги во обувките. Со самото сушење тие ќе ги рашират обувките.

Весници – Постапката е иста како и со чорапите, само што треба да внимавате да не ви се распаднат.