четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да го исчистите среброто: Три трикови кои ќе го вратат сјајот на вашиот накит

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако вашите сребрени предмети ги нападнале темни дамки, тогаш пробајте ги овие трикови
Среброто и сребрениот накит со текот на времето го губат сјајот, па дури и поцрнуваат.
Ваквите дамки се резултат на хемиска реакција помеѓу среброто и сулфурот во воздухот. Поголемиот дел од сребрениот накит и додатоците се обложени со многу тенок слој на родиум, за да се заштити металот и да се направи посветол и посјаен. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, тој исто така се троши и многу брзо поцрнува.
Исто така, оцрнување на среброто може да дојде доколку е во директен контакт со парфеми, препарати за коса, креми и слично.
Така, овие три домашни трикови се тука за да си го вратите омилениот накит.

Алуминиумска фолија и детергент за перење алишта

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Овој трик за чистење е погоден за малку потемнет сребрен накит или прибор.
Земете сад и обложете го со алуминиумска фолија. Потоа, наполнете го со топла вода и додадете една лажица течен детергент за перење. Добро измешајте и ставете го среброто внатре. Оставете го да кисне некое време.
Извадете ги сребрените предмети, исплакнете со млака вода и ставете на хартиена крпа да се исуши.

Кечап

Можеби звучи чудно, но кечапот функционира одлично ако сакате да ги отстраните црнилата од среброто.
Овој метод е добар ако имате само еден или два сребрени предмети за чистење. Исцедете неколку капки кечап на хартиена крпа и нежно тријте ги темните дамки на сребрениот прибор. Ако дамката е стара, нанесете кечап директно на овие места и оставете ја да отстои 15 минути. После тоа, тријте со крпа од микрофибер и исплакнете со вода.
Некои предмети како отмени свеќници или сребрен прибор имаат повеќе детали. Користете мека четка за заби за да стигнете помеѓу пукнатините и да ги исчистите дамките.

Пченкарно брашно и вода

Ако вашето сребро го изгубило својот сјај, овој метод ќе помогне да го вратите.
Подгответе густа смеса, мешајќи вода и пченкарно брашно и нанесете ја на сребрениот предмет. Оставете ја смесата целосно да се исуши и истријте ја со пешкир за да ја исполирате површината и да го вратите сјајот на вашиот накит, пренесува „Thehappyhousecleaning.co.uk“.