Како да го охрабрите да ве покани на втор состанок

Применете ги овие совети доколку сакате момчето со кое конечно сте излегле на состанок да ве покани повторно.
Охрабрете го
Пред да се разделите, кажете му нешто како, “Убаво си поминав вечерва”. Поверојатни се шансите дека ќе ве покани на уште еден состанок доколку му дадете знак дека сте заинтересирани.
Знајте кога да замолчите
Живееме во “Признавам-се” култура во која е нормално на секого да му кажете се. Но, на првиот состанок на момците се чувствителни на неколку теми кои за нив навистина делуваат како ладен туш. На пример, било што во врска со личната хигиена, причините за раскинување со претходниот дечко и ставови поврзани со комплекси во однос на вашиот физички изглед, проблеми на работа.
Не влетувајте веднаш во кревет
Тој најверојатно ќе се обиде да ја постигне таа намера, но повеќето момци сакаат девојката да ги натера да чекаат подолго од еден состанок. Поентата е дека мажите сакаат предизвици, па дајте им шанса да се потрудат за да ве освојат.
Натерајте го да се потруди околу вас
Се разбира дека сакате да го видите повторно, но немојте секогаш да му бидете достапни за маратонска размена на пораки. Така му испраќате знак дека, и покрај оваа потенцијална романса имате свој живот … а ова на момците им се допаѓа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Применете ги овие совети доколку сакате момчето со кое конечно сте излегле на состанок да ве покани повторно.

Пронајдете не на следниве мрежи: