Сезонската депресија може да влијае на вашите миленици, а точната причина сè уште не е позната.
Според експертите, во текот на есента и зимата е можно да забележите промени во однесувањето на вашето домашно милениче што укажуваат на сезонско афективно растројство, но нема научни докази дека ова е вистинска состојба кај домашните миленици.
Сепак, тоа не значи дека домашните миленици не можат да страдаат од некаков облик на сезонска депресија. Експертите истакнуваат дека годишните времиња имаат физиолошки ефекти врз животните, вклучувајќи промени во крзното, моделите на спиење и апетитот. Сите овие промени теоретски би можеле да доведат до депресија кај некои домашни миленици.
Доколку сопственикот е депресивен, можно е и неговото милениче да реагира на него и да стане депресивно. Некои од знаците на сезонска депресија кај миленичињата вклучуваат летаргија или замор, прекумерно спиење, промени во апетитот, намален интерес за прошетки, играчки и игра, криење или повлекување од сопствениците и приврзаност, пишува The Spruce Pets.
Експертите истакнуваат дека постојат неколку начини да го направите светот на вашето домашно милениче позабавен, а целта е да се создаде средина што ќе му овозможи на вашето домашно милениче да се однесува инстинктивно. Еден од начините се сè почести излети во природа, како и сè повеќе време поминување во зближување со вашето домашно милениче и воведување интерактивни игри.
The post Како да им помогнете на вашите миленици ако препознаете знаци на сезонска депресија кај нив appeared first on Во Центар.



