четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да не ви се замаглуваат очилата додека носите маска?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Очилата може да се замаглат кога во контакт со нив доаѓа топлиот водух што го издишуваме.
Сепак, постојат неколку трикови што можеме да ги искористиме за да го решиме овој проблем.
Измијте ги очилата
Пред да ги ставите очилата, измијте ги со благ детергент или течен сапун и оставете ги да се исушат на воздух. Ако брзате, можете да ги избришете со мека крпа.
Истражувачите утврдиле дека тенок слој молекули на сапун ќе остане на очилата, создавајќи транспарентен слој кој го спречува замаглувањето.
Прилагодување
Можете да ги наместите очилата на долниот дел од носот за да може да струи повеќе воздух помеѓу очилата и маската. Друга опција е да ги носите очилата над горниот раб на маската.
Марамчиња против замаглување
Ако сакате брз и практичен метод, можете да купите марамчиња кои спречуваат замаглување на очилата. Некои од нив се наменети за еднократна употреба, а други се покриени со микрофибер ткаенина, за да можат повторно да се користат.
Спреј
Можете исто така да користите спрејови кои спречуваат замаглување. Овие спрејови создаваат проѕирен филм благодарение на кој не се создава замагленост. Овие видови на спрејови се користат и за маски за нуркање и слична опрема.
Клипови за нос
Ако очилата ви се замаглуваат кога ја носите маската, тоа може да биде затоа што маската не ви одговара и ви е широка, па побарајте маска што има клип за нос.
Овој клип ќе овозможи маската да „легне“ правилно на вашето лице и ќе спречи проток на топол здив кон очилата.

Поврзани вести