Како да престанете да го наградувате и мотивирате вашето дете со храна?

Во некоја ситуација, секој родител ја користи храната за да го награди своето дете за доброто однесување или да го утешат кога е тажно и разочарано.
Веројатно сметате дека ваквиот чин нема да има лоши последици. Но, некои нутриционисти сметаат дека редовното користење на храна како награда може да биде ризично. Децата можат да се прејадат иако не се глади, а исто така можат да стекнат навика уште од раното детство да јадат кога имаат некој емотивен проблем.
Затоа:
Препознајте го вообичаеното сценарио
Размислете за тоа на кој начин го славите успехот на детето. Дали им ветувате некој убав десерт доколку ја средат детската соба? Дали ги водите на пица доколку не постигнат добри резултати на некој натпревар? Доколку се препознавате во ова сценарио, важно е да престанете да го правите тоа.
Не се обвинувајте себеси


Не сте ни први ни последни кои го направиле ова. На многумина родители ова им е начин на кој комуницираат со децата. Но, најважно е да го истражите новиот пат, без да се обвинувате себеси. Здравите навики кои ќе ги практикувате наместо храната со тек на време ќе се исплатат.
Препознајте го чувството коешто сакате да му го пренесете на вашето дете
Со одвојување на вашите намери од вашите постапки ќе ви помогне да не ја користите храната како награда или средство за смирување. Замислете ја сцената во која на детето треба да му дадете храна и замислете си како престанувате да го правите тоа пред да се случи.
Постојат многу начини за да го наградите или утешите вашето дете. На пример, може да го прегрнете или да му ја наполните кадата со пенливи меурчиња. Може да пуштите некој убав филм и да се смеете заедно. Може да го инспирирате вашето дете и да му ја пуштите неговата омилена песна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.