Како да се допишувате на почетокот на врската?

Само што запознавте некој и почувствувате дека постои хемија помеѓу вас и посакавте да испратите порака? Но, што ако не добиете одговор? Дали ќе бидете тажни, лути, повредени?
Погрешното интрепретирање може да го уништи односот. Прочитајте како да спречите да не се случи тоа.
Што да правите?
На почетокот пишувајте кратко и едноставно
Ако сте личност која пишува долги пораки и вложува многу енергија во она што го праќа, имајте на ум дека на другата страна можеби не ѝ е природно да комуницира за чувствата во почетните допишувања. Во почетокот најсигурно е да праќате кратки пораки во кои ќе кажете што треба но, нема да претерувате во изразувањето емоции.
Не поставувајте преголеми очекувања
Кратката порака е знак дека личноста е незаинтересирана. Секој од нас на различен начин ги изразува емоциите.


Имајте предвид дека ќе се разочарате доколку поставите преголеми очекувања на почетокот.
Јавете се
Понекогаш е добро да имате претстава како звучи личноста која ви се допаѓа. Ќе го слушнете нејзиниот глас и ќе го почувствувате нејзиниот тон на гласот со кој разговара со вас, дали е позитивно настроена, незаинтересирана, среќна што ве слуша и слично.
Што да не правите?Не се замарајте со временски ограничувања
Не се замарајте со тоа колку време ќе им треба за да одговорат на пораката. Можеби личноста не е во можност да ви одговори веднаш поради било каква причина.
Не кажувајте премногу лични информации
Не знаете какви намери има таа личност кон вас. Можеби ќе ѝ кажете нешто што подоцна може да го злоупотреби против вас.
Провокативните пораки чувајте ги за подоцна
Сакате да оставите добар впечаток, нели? Разголените фотографии и двосмислените пораки чувајте ги за понатаму.
Не се откажувајте прерано
Доколку личноста не може дa излезе со вас кога вие сакате, не се откажувајте мислејќи на најлошото сценарио. Можеби има обврски кои се неодложни и ви ја кажува вистината, па ќе излезете наредниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.