Како да станете фатална жена

Речиси никогаш не останува незабележана, мажите не можат лесно да ја заборават- откријте кои се карактеристиките на фаталната жена.
Длабоко деколте, кратки здолништа, совршен тен, дискретна шминка, долга негувана коса, нозе до небо – таа е вистинска убавица и ќе го привлече вниманието на сите мажи. Меѓутоа, ако девојката е совршено згодна, тоа не значи дека е фатална жена. Всушност, кога станува збор за секси убавица која ќе дојде во машко друштво, сите мажи „зјапаат во неа“ и почнуваат да пелтечат. Но, ако го нема она нешто, по половина час, тие губат интерес за неа (добро, освен мажите кои сакаат да ја одведат во кревет, а подоцна да ја отфрлат како стара крпа). Од друга страна, фатална девојка е онаа која со нејзината харизма, однесување, сигурност и доверба го привлекува вниманието на машкиот пол, велат британските истражувачи. Таа не го привлекува вниманието со длабоко деколте и примамливи облини, туку со  нејзиното однесување. Мажите сакаат интелигентни жени со добра смисла за хумор, велат експертите. Всушност, чувството за хумор кај жените ги привлекува мажите, бидејќи денешното време е полно со стрес и момчињата се жедни за релаксација и забава. Покрај тоа, мажите се многу конкурентни и целиот живот се обидуваат да се бидат со најдобарата и најпаметната, па не постои ништо поубаво од тоа тие да можат да се насмеат, да се релаксираат и да се забавуваат. Значи, добрата смисла за хумор е најсилната карактеристика на фаталната жена, и речиси секој маж експресно ќе го излуди.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Речиси никогаш не останува незабележана, мажите не можат лесно да ја заборават- откријте кои се карактеристиките на фа

Пронајдете не на следниве мрежи: