Како една дневна навика може значително да го намали ризикот од повеќе од 50 болести

Научниците во нов извештај истакнаа дека подобрата стоматолошка нега и секојдневното користење на конец за заби може значително да го намалат ризикот од повеќе од 50 сериозни болести, бидејќи помага во одржувањето на здравјето на забите и непцата, а со тоа и на целото тело.

Бактериите од заразените непца можат да се шират низ целото тело и евентуално да ја преминат крвно-мозочната бариера, потенцијално зголемувајќи го ризикот од когнитивен пад и деменција, предупреди Алпдоган Кантарџи, професор по стоматологија на Универзитетот во Минесота, на состанокот на Американското здружение за унапредување на науката (AAAS) во Феникс, Аризона.

Редовното чистење на забите и непцата го намалува воспалението кое е поврзано со здравствени проблеми како што се дијабетес, деменција, срцеви заболувања, ревматоиден артритис и воспалителни заболувања на цревата.

Експертите забележуваат дека иако повеќето луѓе редовно ги мијат забите, голем број од нив не користат конец за заби, што доведува до чести проблеми со расипување на забите и заболување на непцата.

Кантарчи предупредува дека лошата орална хигиена во многу развиени земји наликува на ситуацијата во земјите во развој и дека се потребни повеќе инвестиции во превенцијата бидејќи здравјето на устата влијае на општото здравје на целиот организам.

Експертите препорачуваат миење на забите до три пати на ден за одржување на оралната хигиена и предупредуваат дека оние кои не го прават тоа го зголемуваат ризикот од штетни состојби во телото, вклучувајќи го мозокот и зглобовите.

„Сега веруваме дека одржувањето на здравјето на забите може да биде поврзано со намален ризик од повеќе од 50 системски состојби“, рече Кантарчи на настанот наречен „Устата како порта кон целокупното здравје“, каде што истражувачите предупредија: „Неодамнешните докази сугерираат дека усната шуплина може да влијае на здравјето на другите органи, вклучувајќи ги зглобовите, мозокот и цревата“.

Не е нужно дека заболувањето на непцата директно ги предизвикало овие состојби, но се чини дека постои врска, рече тој. Некои истражувања сугерираат дека перзистентното заболување на непцата предизвикува имунолошкиот систем на телото да биде во состојба на постојана будност или воспаление, што може да го иритира мозокот.

„Истражувањата сега покажуваат дека кај луѓе со лесна или умерена болест, оние кои ги мијат и се грижат за своите заби или одат на стоматолог и имаат напредно чистење покажуваат многу подобри когнитивни реакции“, се вели на конференцијата.

Беше нагласено дека миењето на забите пред спиење е најважно, додавајќи дека оние кои имаат проблеми треба да користат електрични четки за заби, а исто така задолжително да го мијат и јазикот.
The post Како една дневна навика може значително да го намали ризикот од повеќе од 50 болести appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: