„Како е можно да се тепа доктор пред полицијата а таа ништо да не стори ?“- Изјава на докторот од Тетово

Пациент претепа доктор во Кожно – венеричната служа при Клиничката болница во Тетово, револтиран што лекар кај кого имале закажано термин за преглед во оваа служба, не бил на работното место. Докторот бил нападнат откако утринава одбил на пацинет да му даде потпис и изјава дека негов колега не бил на работното место каде имал закажано термин.
-Пациентот заминал, во меѓувреме дошла полиција и за некои петнаесетина минути пак се вратил пацинтот и во присуство на полицајци го дотепале докторот, кој добил сериозни повреди – рече Невзат Елези, претседател на здружение на лекари Албанци во Македонија.
По вториот напад докторот паднал во бесознание. Веднаш бил префлен во Клиничкиот цетнар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се вратил во нормала. Првично се работи за повреди во главата.


Од раководството на Кожно – венеричната служба велат дека воопшто не се заштитени, ако се земе предвид фактот дека нивниот колега е претепан пред полиција
-Јас во ситуацијава повеќе ја обвинувам полицијата, како е можно да се тепа доктор пред полицијата а таа ништо да не стори, вели еден доктор од Кожно – венеричната служба кој од страв не сакаше да го каже неговото име и презиме.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово го потврдуваат случајот и велат дека кај нив е пријавено дека лекарот на возраст од 45 годни е нападнат од 43 годишник од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.