Британската шминкерка и ТикТокерка Џордин Лин е ѕвезда на социјалните мрежи која ги шокира, но и воодушевува следбениците со своите трансформации.
Џордин редовно споделува снимки од своите трансформации на ТикТок, како оваа во продолжение која има дури 116 милиони прегледи.
Шминкерката има речиси 2 милиони следбеници на ТикТок кои често во коментари ѝ пишуваат дека не можат да поверуваат дека станува збор за истата девојка. Таа во виралните видеа покажува како изгледа пред и по шминкањето, а резултатот е навистина зачудувачки.



