Како марулата да остане свежа и до две недели?

Ни се случува понекогаш зеленчукот да остане подолго во фрижидер и да заборавиме на тоа. Кога сакаме да го консумираме, сфаќаме дека омекнал и се исушил. Тоа најчесто се случува со марулата, односно зелената салата, бидејќи има многу краток рок на траење.
Сепак, постои едноставен трик како за да ја зачувате вашата марула, па повеќе нема да морате да фрлате зеленчук в канта.
Најпрво одвојте ги листовите, исечкајте ги, измијте ја марулата и половично исушете ја (неопходно е да има малку влага за да остане свежа). Наредете ги зелените листови во пластичен сад со капак, а одозгора ставете хартиена крпа/салфетка.
Пред да го затворите садот, обидете се да исфрлите што повеќе воздух од него, а потоа ставете го во фрижидер.
Кога сакате свежа салата, земете онолку колку што ви треба од садот, а остатокот покријте го со ново парче хартиена салфетка и можете повторно да го ставите во фрижидер. Салфетката ќе ја задржи потребната влага во садот, што овозможува марулата да остане свежа, а од друга страна ќе впие доволно за да не скапува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.