Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Накитот треба да го одржувате не само од естетски, туку и од хигиенски причини. Накитот од злато внимателно чистете го за да го врати сјајот и убавината.
Ова се неколку едноставни средства за чистење златен накит со кои ќе му го вратите стариот сјај:
Прашок за перење
Едно од најефикасните средства за чистење златен накит е обичен прашок за перење. Во топла вода ставете неколку лажички прашок за перење и оставете го накитот да стои во растворот еден час. Потоа само избришете го со сува чиста памучна крпа.
Оцет
Алкохолниот оцет подеднакво добро чисти накит од бело и жолто злато. Во длабок сад ставете го оцетот и внатре потоа ставете го накитот. Нека отстои 15 минути па избришете го со сува крпа.
Пиво
На сува памучна крпа ставете неколку капки пиво и со неа исполирајте го златниот накит, а потоа измијте го со млака вода и повторно исушете го со крпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.