Како с*ксот да трае подолго?

Ако ви пречи тоа што сексот со партнерот трае кратко, има начини како да го продолжите сексуалниот однос и да ја одложите кулминацијата на заемно задоволство.
Вашиот партнер пребрзо се возбудува и доживува оргазам, а вие останувате незадоволени, барем не како што би сакале.
Најважно од сѐ е да имате отворена и искрена комуникација со партнерот. На внимателен начин кажете му дека тоа ви претставува проблем и побарајте решение што ќе ви одговара на двајцата.
Со искрен разговор, половина од проблемот е решен, а со премолчување создавате уште поголемо незадоволство и нови проблеми.
Ова се неколку методи што може да ви помогнат заедно со партнерот подолго да уживате во сексот:
Вежба за длабоко дишење

Вежбата за длабоко дишење пред самата акција ќе му помогне на партнерот да се опушти. На тој начин го намалува нивото на возбуда и ќе биде подготвен подолго да води љубов со вас. Можете вежбата да ја правите заедно со него, во знак на поддршка.
Оргазам за време на предиграта
Со оглед на тоа дека пенетрацијата обично ги забрзува нештата за мажите, партнерот нека се потруди вие да доживеете оргазам уште за време на предиграта. Тоа ќе ве опушти и ќе ги зголеми шансите за уште еден, заеднички оргазам за време на сексот.
Тајм-аут
Кога атмосферата ќе се вжешти, задолжително направете пауза, и тоа неколку пати. Така ќе го намалувате нивото на возбуда кај партнерот и тој полесно ќе ги контролира нагоните.
Скокнете ја „доги“ позата
Ова е одлична поза за „секс на брзинка“, а тоа е спротивно од она што ви треба. Повеќето мажи издржуваат подолго во мисионерска поза или кога жената е горе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.