Како социјалните мрежи ја уништуваат љубовната врска?

Социјалните мрежи се важен дел од нашиот живот. Instagram, Facebook и Twitter ги поврзуват луѓето, но исто така можат да ги раздвојат. Позитивно, но и негативно влијаат на меѓучовечките односи, а за љубовните врски можат да бидат прилично опасни.
Студијата од 2013 година објавена во научното списание Journal of Social and Personal Relationships покажа дека откако жените ќе објават на Facebook дека се во врска, автоматски значи дека таа врска е „под тапија“, додека на мажите тоа не им значи ништо.
Студија од 2001 година покажа дека многу луѓе се љубоморни или анксиозни кога „висат“ на туѓи профили на социјалните мрежи. Затоа и опцијата се вика „following“, не можете да одолеете да не го држите партнерот под око.


Исто така, во денешно време многу информации за нашите партнери дознаваме благодарение на социјалните мрежи. Некои работи ги дознаваме разговарајќи, но некои ги заклучуваме сами, пребарувајќи го профилот на некоја од социјалните мрежи.
Профилите на социјалните мрежи не откриваат ништо за личноста. Напротив, тие можат да предизвикаат сериозни проблеми во врската.
Комуницирајте во живо, не се ослонувајте на објавите на Facebook.
Ако видите нешто што ќе ве вознемири, тогаш разговарајте со партнерот.
Не споделувајте ги сите убави моменти со целиот свет. Некои спомени треба да останат само за вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.