Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, денес го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници од страна на Хамас, истакнувајќи ја улогата на претседателот Трамп во овој „клучен чекор кон мир“.
„Ослободувањето на заложниците е голем успех за дипломатијата и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој одлучувачки развој“, рече таа во објава на Икс.



