Камерон Дијаз несвесно и не знаејќи послужила како „нарко-муле“ во Париз

Камерон Дијаз несвесно и не знаејќи послужила како „нарко-муле“ во Париз

Камерон Дијаз е уверeна оти несвесно и не знаејќи послужила како „нарко-муле“, т.е. криумчарка, додека се обидувала да почне како манекенка во Париз.

Нестрплива да го види тој свет и да заштеди за стан во Париз, како што раскажува за интернет-емисијата „Секонд лајф“ од минатата недела, таа сега се сомнева дека единствена задача што ја добила таму било, всушност, тајно криумчарење дрога.

– Не бев работела ниту еден ден. Бев таму цела година и не бев работела ни ден. Не можев да најдам работа. И, еден ден, добив како една работа, но навистина мислам дека бев одбрана како „муле“ за носење дрога во Мароко – се колнам во Бога. Тоа беше пред ТСА (Управа за безбедност во транспортот, б.п.) или нешто слично. Тоа беше некаде почетокот на 90-тите. Ми дадоа куфер којшто беше заклучен и во кој „се наоѓаа моите костими“, додаде таа.

Кога Дијаз пристигнала во Мароко, надлежните ја прашале – кој го поседува куферот и дали може да се отвори или не? Таа им рекла дека не е нејзин.

– Тоа беше мојата единствена работа што ја добив во Париз, додаде таа.

Дијаз стана славна набргу потоа – со улогата крај Џим Кери во филмот „Маска“ од 1994 година, додека сѐ уште живеела во Париз. Набрзо дојдоа и номинациите за „Златен глобус“ за „Небо од ванила“ и „Бандите на Њујорк“. Но, минатото десетлетие, таа избра да се повлече од Холивуд заради повеќе време со своето семејство.

Глумицата годинава се враќа на сцената, во филмот засега најавен како „Назад во акција“, во кој ќе глуми покрај Џејми Фокс и којшто е во претпродукција. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.