петок, 13 ноември 2026
Најново

Камион со 81 мигрант излетал од патот близу Кумановско Черкезе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Камион во кој се превезувале мигранти, вчера излетал на улицата “Железничка“ во Куманово, потврди денеска МВР.
Според соопштението на полицијата, вчера во 23 часот, полициски службеници на автопатот Куманово-Табановце дале знак за запирање на товарно моторно возило “ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на улицата “Железничка“, пред село Черкезе, Кумановско, возилото излетало од патот.
При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести