Канибалот Суарез суспендиран на 10 натпревари

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, поради гризењето на Бане Ивановиќ од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) е суспендиран на 10 натпревари.Ливерпул оваа одлука на ФА може да ја обжали до петок во 12 часот, а во првата реакција челниците на ‘црвените’ изразија шок и неверување од висината на казната.„Тричлената комисија на ФА го разгледуваше предлогот играчот да биде суспендиран на три натпревари, но преовлада ставот дека таа казна е недоволна поради што фудбалерот доби уште дополнителни седум натпревари. Суспензијата веднаш стапува на сила“, стои во соопштението од ФА.Доколку ФА не ја прифати жалбата на Ливерпул тоа значи дека Суарез ќе ги пропушти последните четири средби од оваа сеозна и првите шест натпревари од следната сезона.
МакфаксНапаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, поради гризењето на Бане Ивановиќ од страна на Фудбалската асоцијација на Англија

Пронајдете не на следниве мрежи: