Канје Вест не остава ништо на случајот. Ја ставил својата партнерка на ригорозна диета за да може да се појави речиси гола во јавноста.
Нејзиното појавување на црвениот тепих често шокира. На Греми наградите во февруари, таа блескаше во едвај забележлив фустан, а неодамна во Мелбурн, прошета во боди во боја на кожа и хулахопки, целосно без панталони. Таа повторно докажа дека сака да привлекува внимание и медиумски наслови.
„Дејли меил“ открива дека Канје Вест контролира сè, дури и кога ручаат заедно, тој ја избира храната за Бјанка, а дома ја тера да користи помали чинии за да ги држи порциите под контрола. И додека таа внимава на секој залак, Канје ужива во неговиот омилен оброк: пржено пилешко и макарони со сирење.
Канје Вест очигледно има строги правила за својата 30-годишна партнерка Бјанка – тој не ѝ дозволува да има пирсинг, тетоважи или да се изцрнува од сонце, бидејќи верува дека тоа би ја направило „просечна“.
Иако повеќето жени би го мразеле овој вид контрола, Бјанка, 18 години помлада од него, очигледно ужива во овој режим.
– Повеќето жени би помислиле дека нивниот сопруг ги контролира, но на Бјанка ѝ се допаѓа ова бидејќи чувствува дека Канје ја поддржува и ѝ помага да изгледа најдобро – открил неименуван извор за Дејли Меил.
The post Канје Вест ја изгладнува Бјанка: Додека тој се дави во пржено пилешко, таа го брои секој залак appeared first on Во Центар.



