Италијанската полиција откри и разби голема мрежа за наркотици во областа на Торино и Босконери и заплени повеќе од 16 килограми наркотици со улична вредност од околу 3,5 милиони евра, пишува „Торино Тудеј“.
Исто така, скриено огнено оружје е ископано од земјата, како и 10.000 евра во готово, а уапсени се две лица.
Во Торино е уапсен еден албански државјанин, кој е и главен осомничен. По прегледот на неговата куќа во Торино, истрагата ја одведе полицијата во Босконер, каде осомничениот чувал околу 1,6 килограми кокаин, 530 грама хашиш и опрема за пакување наркотици под метален лим.
Потоа акцијата беше проширена и на вториот осомничен, маж (33) од Италија. На неговиот имот беа ископани пластични садови со речиси седум килограми кокаин и повеќе од 6,6 килограми хашиш во херметички затворени кеси.
Што се однесува до огненото оружје, полицијата пронајде полуавтоматска пушка како и големо количество муниција од различен калибар.
Албанскиот државјанин е обвинет за поседување големо количество наркотици, додека италијанскиот државјанин е обвинет за нелегално поседување огнено оружје.



