Кардашијанка шири теории на заговор и ги наговара луѓето да не носат маски: „Ќе добиете рак“

Теории на заговор по повод актуелната пандемија почнала да шири и славната старлета Кортни Кардашијан.
Таа се огласила на социјалните мрежи за да сподели теорија на заговор предупредувајќи ги луѓето да не го покриваат лицето со заштитна маска, бидејќи може да добијат рак.
„Оние сините медицински маски кои мора задолжително да се носат во маркети и на аеродромите се изработени од PFTE, канцерогени се и се изработени од синтетички флуорид.

Според „Cancer. org.“, тие го зголемуваат ризикот од рак на црниот дроб, тестисите, панкреасот, тумори на бубрезите и градите + улцеративен колитис, болест на тироидната жлезда, прееклампсија и висок холестерол. Прекумерното изложување може да предизвика симптоми слични на грип и крварење во белите дробови, што доведува до гушење“, напишала Кортни на Инстаграм.
Кардашијанката набрзо ја нападнале фановите поради овие тврдења, истакнувајќи ја неисправноста на нејзините тврдења.
Имено, нема докази кои ги поткрепуваат тврдењата на ријалити ѕвездата, која тоа го споделила со нејзините 100 милиони следбеници на Инстаграм.
Со ова предупредување објавила дури и фотографија од стандардна сина медицинска маска за една употреба, но набрзо ја избришала објавата.
Американските лекари дополнително предупредиле дека нејзините тврдења се апсолутно неточни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.