Кардиналите ги започнуваат подготовките на конклавите

Кардиналскиот совет на Католичката црква во понеделникот во Ватикан почнува со секојдневните состаноци пред конклавите на кои треба да се утврдат барањата и предизвиците пред кои се наоѓа црквата, како и да ги усвојат насоките за тоа каков папа и' е потребен на Римокатоличката црква.

 Намерата на кардиналите е новиот Папа да биде избран во текот на следната седмица и потоа свечено да биде востоличен неколку дена подоцна за да може да биде во служба во текот на Велика недела, којашто почнува со Светници на 24-ти мај и кулминира со Велигден една седмица подоцна, според грегоријанскиот календар.
Општите конгрегации, состаноците на сите кардинали кои пристигнаа во Рим, ќе се одвиваат секојдневно двапати на ден, наутро и попладне, сé до почетокот на конклавите. На конгрегациите ќе учествуваат и кардиналите повозрасни од 80 години, кои немаа право да влезат во конклавите и да го избираат новиот Папа. Со состаноците претседава деканот на Кардиналскиот совет. Анџело Содано, а секој кардинал има право да зборува седум минути. Конгрегацијата се и можност кардиналите меѓусебно подобро да се започнат и да утврдат ко од нив ќе стане новиот поглавар на римокатоличката црква.
Кардиналите во текот на следните денови ќе го одредат и почетокот на конклавите. Се очекува дека тоа може да биде на почетокот од следната седмица. Право на глас имаат 117 кардинали, но двајца се откажаа од доаѓањето во Рим, па во Систинската капела зад затворени врати ќе гласаат 115 кардинали.
На дневниот ред на конгрегациите секако ќе биде поставено и прашањето за управувањето на католичката црква, откако во текот на аферата Ватиликс се покажа дека во Ватикан има корупција и бескрупулозно ривалство. Се очекува дека кардиналите ќе бидат информирани и за другите скандали и неправилности во Куријата за кои изминатите денови италијанските медиуми нашироко пишуваа. „Мораме да дознаеме нешто за некои работи за коишто немаме доволно информации, бидејќи сме далеку од Рим”, изјави за италијанската телевизија кардиналот Оскар Родригез Марадиага од Хондурас.
Американскиот кардинал Даниел ДиНардо, надбискупот на Галвестон-Хјустон, нагласува дека повеќе од половината кардинали коишто може да го дадат својот глас се именувани од последните конклави. „Запознавањето е дел од целиот процес”, додал.
Излагањето на секој кардинал на конгрегациите внимателно ќе биде следено, а дискретно ќе се распрашуваат за квалификациите на оние поистакнатите. „Мислам дека никој од нас веднаш нема да рече 'ова е мојот човек', имаме голем избор”, вели бостонскиот кардинал Шон О'Мејли.
Кардиналите никогаш јавно не откриваат кои се нивните фаворити, но во интервјуата даваат да се насети какви квалитети би требало да поседува новиот Папа. Една од најчесто споменуваните сега е способноста за пренесување на верата, односно вештината на комуникацијата.
На конгрегациите сигурно ќе биде разговарано и за сексуалните скандали коишто ја потресуваат католичката црква, особено откако еден кардинал кој можеше да гласа, единбуршкиот надбискуп Кит О'Брин поради тоа мината седмица поднесе оставка.
Њујоршкиот надбискуп Тимоти Долан во разговор за Reuters во петокот изјави дека за католичката црква голем предизвик претставува зголемувањето на бројот луѓе кои веруваат во Господ, но ги отфрлаат организираните цркви, во феноменот кој социолозите го нарекуваат „верување без припадност”.
На општите конгрегации кардиналите ги носат одлуките со мнозинство гласови, меѓутоа немаат ниедно од папските овластувања. Тоа е периодот во кој Католичката црква намногу се приближува до демократијата.
Макфакс
Кардиналскиот совет на Католичката црква во понеделникот во Ватикан почнува со секојдневните состаноци пред конклавите

Пронајдете не на следниве мрежи: