КАРИЛ доби два монитора за следење витални параметри

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, денеска доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок, соопшти Министерството за здравсто.
-Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која значително се подобрува функционирањето на интензивното одделение на КАРИЛ, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Се работи за донација од обложувалницата Sport Life во вредност од 6,5 илјади евра.
-Овие монитори се важни за нашата работа, најмногу за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение, изјави директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска.
Двата монитора ја имаат функцијата за следење на виталните параметри на пациентите, мерење крвен притисок, пулс и пулс оксиметрија, инванзивен притисок и ЕКГ. Со оваа донација, се подобруваат условите на КАРИЛ и можноста за следење на здравствената состојба на пациентите.
-Sport Life, како општествено одговорна компанија ги поврзува спортот и хуманоста во едно. Особено ни е драго, што во тоа успеавме со акцијата „Голови за победа, голови за радост”, во рамки на Светското првенство во ракомет. Секој гол и успех на нашите ракометари значеше чекор поблиску до реализација на донацијата. Токму денес, имаме чест и да ја доделиме. Тоа се двата монитора за витални параметри кај пациентите, кои во соработка со Министерството за здравство се наменети за клиниката за КАРИЛ. Здравиот живот и хуманоста се дел од нас, дел од спортот и Sport Life, потенцираше претседателот на Управен одбор на Sport Life групацијата, Горан Павиќевиќ. /МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.