Карлеуша за Боки 13: Никогаш ништо не ми должел

Откако бројни македонски медиуми ја пренесоа веста на српски “Курир“ дека Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1,5 милион евра бидејќи толку пари ѝ ги должел на Јелена Карлеуша, ексклузивно за “Репортер“ пејачката  демантира дека му дала пари на Бојан Јовановски и вели дека пишувањата се лага.
“Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот. Многу ми е жал за сè што се случува и се надевам дека Бојан ќе има јасна и цврста одбрана на своето име. Туку никој не е ни луд ни глупав, јасно е дека работите не се такви како што изгледаат и дека Бојан е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе. Се надевам дека ќе има фер судење“, изјави Карлеуша за “Репортер“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.