Карлеуша има проблеми со здравјето, ослабе 7 килограми

Откако пред шест дена допатува од Кина, за да не мисли на аферата во која е вплеткана, поп-ѕвездата веднаш се фати за работа. Покрај снимањата на емисиите “Ѕвездите на Гранд“ таа се врати и во студиото да работи на новите песни. Исто така, за првпат оваа година ќе се појави и пред публиката за да ја промовира својата нова песна. Но, заради стресот под кој е и понатаму се соочи со здравствени проблеми, најмногу со спиењето.
– Иако заради Ника и Атина, но и заради својата мајка Дивна се труди да биде насмеана и расположена, кога ќе остане сама многу и е тешко и само плаче. Кога за првпат се појавија нејзините голи фотографии три дена не можеше да спие. Не знаеше што да прави, прво се обиде со чаеви за смирување, но бидејќи не и делуваа неколку пати земаше и таблети за смирување, но ни тоа не и помогнаа. Потоа отпатува во Кина за да биде со сопругот, но проблемот со сонот стана уште посериозен. Промената на временските зони лошо и влијаеше, па за време на престојот кај сопругот, а таму беше шест дена – спиеше само околу 20 часа, открива извор близок до Јелена и додава дека заради ситуацијата во која се нашла многу ослабнала.
– Освен што по цели ноќи не спиеше Јелена имаше проблеми и со исхраната. Многу се нервираше и се чудеше што ја снајде, па многу пати забораваше да јаде. Тоа лошо влијаеше на нејзиното здравје и за само петнаесетина дена изгуби околу седум килограми. Да е во некоја друга ситуација таа би била пресреќна, но бидејќи килограмите ги изгуби од стрес, се загрижи. Се уште не стигнала да оди на лекар, но ако продолжи да слабее и да не спие доволно, сигурно ќе оди, рекол изворот и открил дека Карлеуша, иако не се чувствува добро, сака да го прослави роденденот на својата мајка Дивна.
– Вчера Јелена на Инстаграм и го честиташе роденденот на мајка и, а размислуваше и како да ја изненади каде да ја носи за да го прослават нејзиниот 61-ви роденден. Тие со години го славеа заедно и секогаш одеа на некоја убава вечера. Иако Дивна е болна, заедно донесоа одлука дека треба да одат на вечера во еден ресторан во престолнината, рече изворот за “Ало“, но и додаде дека не  е сигурен дека Јелена ќе има сила за тоа.
Откако почна аферата Јелена Карлеуша не комуницира со медиумите, а на јавноста и на седмата сила им се обраќа преку Твитер и Инстаграм. Но, откако почна аферата со Огњен администраторот го згасна нејзиниот профил на Твитер и тој се уште не е активен, па таа се обраќаше преку Инстаграм. Често објавуваше стории кои многу брзо ги бришеше. Една таква која токму вчера ја објави, исто така брзо ја отстрани, а се однесуваше на нејзината борба со медиумите која ја води повеќе од две седмици.
– Само да ве поздравам и да ве прашам како сте? Како ви се допаѓа овој медиумски линч над една жена?! Уживате ли, убаво ли се забавувате? Дали се чувствувате подобро додека гледате, листате, кликате, раскажувате и коментирате. Баш ми е драго што поддржувате насилство над една жена, мајка на две деца. Браво!, напиша пејачката вчера рано утрото на својот Инстаграм, но многу брзо го избриша статусот.
Јелена има договорен настап на 29 јануари на кој ќе ја претстави новата песна. Потоа за да закрепне и да собере сили за понатамошна борба, на кратко ќе замине од Србија.
– Да не е тој настап таа веднаш би заминала од Белград за да се одмори, но бидејќи тоа е договорено уште во декември и тоа и е прилика да ја промовира новата песна, ќе го одржи даденото ветување и ќе се појави. Штом тоа ќе заврши таа веднаш оди во Турција. Планира две седмици да престојува во Истанбул со својата мајка и ќерките, кои во февруари ќе бидат на распуст 14 дена, вели изворот за “Ало!“.
На 2-ри февруари Карлеуша има концерт во Амстердам, а на 9-ти во Берлин, па голема е веројатноста дека таму ќе замине директно од Истанбул и дека во Белград нема да се врати до средината на февруари, до кога, како што се надева ќе спласне ука- буката околу порно-аферата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.