Карлеуша навредуваше кандидатка, а потоа таа го возврати ударот

Јелена Карлеуша дефинитивно „им падна“ во очите на кандидатите, но и на публиката во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, откако широката народна маса имаше прилика да ги види нејзините интимни фотографии, но и перверзните пораки кои наводно му ги праќала на Огњен Врањеш.
Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.
-Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тоатален невкус, кажа Карлеуша.

Мира кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.
-Од каде си ти, праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:
-Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, рече Карлеуша.
-Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена. Не дозволувам така да разговарате со мене, рече учесничката и побара да ја напушти сцената.
Поповиќ дозволи, додека публиката ја исвирка Јелена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.