Карлеуша си доаѓа на себе: Се фали со скапоцени сандали, вечера со сопругот, а најмногу со пораката на чинијата во ресторанот

Се чини по порно скандалот за кој зборуваше цел Балкан, а се слушна и до Кина, пејачката повторно е опуштена. Јелена Карлеуша ужива во семејниот одмор, а и повторно почна да споделува многу детали со своите следбеници на социјалните мрежи.
По порно скандалот кој го тресеше Балканот, а во кој главни актери беа Јелена и Огњен Врањеш, пејачката се дистанцираше од јавноста, но очигледно полека се враќа на она што беше претходно.
На социјалните мрежи повторно споделува фотографии, од кои се гледа или барем така треба да изгледа, како ужива во одморот, опкружена со семејството.
Прво се пофали со новите “Tom Ford“ сандали…

Потоа покажа дека ужива во вечерата со сопругот…

Освен тоа Јелена не пропушти да се пофали и со пораката која ја добила од ресторанот во кој таа и Душко беа на вечера. Иако е далеку од Србија на нејзината чинија е испишано “Најдобри сте“, што јасно покажува дека Карлеуша и во Дубаи има свои фанови.

Дали семејството конечно ќе се врати на старата хармонија, и дали Јелена од одморот ќе се врати како старата, енергична и храбра жена, останува да видиме.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.