Карлеуша ја покажа својата “лична карта“: Подигнат среден прст за новинарите, кои ништо поразлично и не очекуваа од неа (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша денес во 11 часот имаше закажно судење со Огњен Врањеш, но пејачката и нејзиниот адвокатот од судот излегле малку порано. Јелена во судот дошла заради некоја друга тужба, а судењето со босанскиот фудбалер е одложено затоа што Врањеш имал важен натпревар, пишува Курир.рс.
Излагувајќи од судот намуртената Јелена им го покажа средниот прст на новинарите кои дошле да го проследат судењето, а погледот го скрила со темни очила. Впрочем, таа и не е обврзана да присуствува на рочиштето затоа што е сосолушана на претходното, а следното рочиште е закажано во ноември.
Овојпат Карлеуша носеше долго здолниште, високи чизми и бел џемпер со огромна јака – нешто што баш и не е вообичаено за неа. Натунтана како да претстои потоп, во нешто, сепак остана доследна на самата себе. На новинарите им го покажа средниот прст, својата “лична карта“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.